7.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

ФОТО: Се преврти пожарна во Маџари – 3 лица итно префрлени во Ургентниот центар

Тројца пожарникари од скопската територијалната против пожарна служба се повредени.

Тие итно се префрлени во Ургентниот центар откако пожарна се преврти во скопската населба Маџари кај Триангла.

Според информациите од против пожарната бригада, екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново.

Од засега непознати причини пожарната се превртрила.

Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена, пренесува Канал 5.

поврзани објави

Последни објави