Фенг шуи експертите откриваат каде треба во домот да стои фигура на слон за да на оние кои живеат во него им се остварат лични желби.
Слон во близина на влезната врата привлекува среќа за семејството, додека слон во дворот ја штити куќата од негативните влијанија кои доаѓаат од надвор. Фигура на слон во спална соба претставува љубов помеѓу двајца и го чува бракот, додека фигура на мајка слон со бебе слон ги чува добрите односи помеѓу родителите и децата.
Двојки кои посакуваат бебе треба да стават фигура на слон во спална соба, но не заборавајте да ставите ден и во детската соба – тој ќе привлече креативност и знаење.
За да привлечете пари и успех во работата фигура на слон со жаба или мајмун на врв ставете во северен дел од куќата. Слон со крената сурла значи успех, а со спуштена долговечност.