-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

ГДУ: Вицепремиер и пратеник ќе си добијат народни пари за иновација, а овој случај нема кој да го испита оти се уште немаме Антикорупциска

Вицепремиер и пратеник ќе си добијат народни пари за иновација, а овој случај нема кој да го испита оти се уште немаме Антикорупциска комисија.

Со ваквите скандалозни доделувања на грантови за иновации, јасно е дека нема искрена политичка волја за борба против корупцијата.

Нема простор за оправдувања. И на директорот на Фондот за иновации и на Анѓушев и Локвенец и на сите функционери треба едно да им биде јасно – нема богатење преку државни грантови и тендери додека си државен функционер.

Пред се во огласите кога се распишуваат треба прецизно да да стои дека државна помош не може да добиваат фирми чии сопственици се функционери или донатори на политички партии.
Ова е еклатантен пример за судир на интереси.

Во неколку наврати апелиравме , во ситуација кога државата ни е во друштво со најкорумпираните земји ние мора да имаме реформирана и функционална Антикорупциска.
Ама кај нас „политичкиот пазар “ е поважен од реформите.

Бараме утре на лидерската средба да биде отворено и прашањето за формирање на Антикорупциска комисија.Односно да се промени актуелниот модел на нејзиното функционирање, каде што ќе бидат вклучени и најновите меѓународни иструменти и законски измени во однос на нејзината независност, оперативност и интегритет.

поврзани објави

Последни објави