7.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

Апасиев: Рејтингот на овој владејачки естаблишмент паѓа со секој изминат час, а камоли па ден

Според важечкото право, невозможно е да има и ИЗБОРИ и РЕФЕРЕНДУМ во ист ден! Тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција.
Можно е, во ист ден – недела – да има ИЛИ повеќе избори ИЛИ повеќе референдуми, но не и двете измешано.

p.s. Тоа шо си замишљаат ова провладиниве „експертутки“ дека ќе го заебат народот ако во ист ден стават и референдум и избори – демек така ќе го обезбеделе цензусот од 900.000 избирачи – е гола вода.

Впрочем, чл. 7 од Законот за рефрендум изрично го гарантира и ПРАВОТО НА НЕГЛАСАЊЕ, или популарно наречената „апстиненција“, т.е. „бојкот“!

Така што, доколку го иссилуваат и овој процес, како и се друго досега – не постои сила кој ќе го натера граѓанинот да мора да земе две гласачки ливчиња, доколку не сака.

А башка што, ваквите мајмунџилаци ќе доведат до предвремено пензионирање на сегашниот владејачки естаблишмент, чиј рејтинг вртоглавно паѓа со секој изминат час (а камоли па ден).

Пишува: Димитар Апасиев

Извор: Mn.mk 

поврзани објави

Последни објави