8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Не, не е Брена – Боба Живојиновиќ во друштво на плавуша уловен на јахта во Црна Гора

Поради работните обврски Лепа Брена морала да го прекине одморот во Црна Гора, но нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ останал да ужива на црногорското приморје.

Папараците на порталот „Ало“ го фотографирале Боба како ужива во друштво на некоја русокоса девојка.

„Боба деновите на море ги поминува крстарејќи низ Јадранот. А кога сака да е на копно, оди во еден ресторан каде што заедно со пријателите ужива во храна и вино, вели извор за „Ало“ кој бил на местото каде е Боба.

Изворот истакнал дека Боба пристигнал сам во ресторанот и нарачал храна и пијалок за себе, а кога пристигнале пријателите тој се потрудил да биде љубезен. Прво, му се придружиле пријателите од Белград, а пред да се поздрави со нив им поскал убаво лето и ги поканил на крстарење открива изворот.

„Боба не беше долго време сам.Му се придружи една згодна, русокоса девојка со која се поздрави. Како вистински домаќин, не ја пропушти приликата да ја покани на јахтата. Седеа во ресторанот, разговараа и уживаа во погледот на морето. Но, неговата пријателка не остана многу време, па по краткиот разговор се поздрави со Боба и замина, вели изворот.

Брена и Боба секоја година знаат некаде да заминат и да уживаат заедно.

поврзани објави

Последни објави