4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Пејачот Иво Илиев – Далтон ограбен: Знам кој ми украде 15 илјади евра

Пред извесно време бил ограбен музичарот Иво Илиев, попознат како Далтон. Додека тој бил на настап, од неговиот стан биле украдени 15.000 евра, кои ги собирал за да уплати стан.

-Беше викенд и јас свирев прво во еден ресторан а потоа во ноќен клуб. Парите ги собирав за да уплатам стан. Во петокот плаќав некои сметки и задоцнив да ги ставам во банка и планирав тоа да го направам во понеделник.

Но, додека јас  свирев во саботата, некој влегол и си ги земал од плакар, каде што ги чував, вели Иво за порталот 7dena.mk

Извор: Република

поврзани објави

Последни објави