Под влијание на МОЌНИОТ ФЛОРИЈАН кој веќе го зафати регионот во текот на денешниот ден доаѓа и во нашата држава па времето ќе биде променливо облачно и нестабилно а во претпладневните часови услови за локален дожд и грмежи има особено на северозапад и север додека од доцните пртетпладневни и пладневни часови па натаму на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град па затоа на граѓаните во вакви временски услови ги советуваме да бидат крајно претпазливи додека пад овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Исто така додека траат електричните празнења граѓаните своите домашни уреди задолжително да ги исклучуваат а во случај на силен ветер да внимаваат каде се движат и каде ги ставаат автомобилите.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени меѓутоа навечер и во текот на ноќта кон вторник ќе бележат тенденција на значителен пад.
Силно невреме проследено со дожд и град утринава го погодило Приједор и направило големи штети. Оштетени се и стебла и плодови а според медиумите во БиХ тоа ќе се одрази на овогодишните приноси. Во текот на невремето во Приједор се оштетени и автомобили.