Македонската модна блогерка и модел Љупка Митрова наголемо летува. Последната регистрирана дестинација – Турција, или поточно сончевата Анталија.
Луксузен ресорт, хотел со 5 ѕвезди со сите можни „салтанати“, во кој меѓу сите останати, доаѓаат и познати турски ѕвезди, а меѓу нив и атрактивната струмичанка.
И како што ја дал Бог да ја има од сите страни, сите агли и секоја перспектива, додека згодната македонска блогерка уживала во убавините на летото и егзотичната околина на пределот, не останала незабележана од менаџментот на хотелот.
А како и не би, кога штом Љупка се испружи крај базенот на белиот диван во мини бикини, хормоните зовриваат, а тестостеронот расте до плафанот, па ретко кој може да остане рамнодушен и имун на примамливата глетка за машала.
Сиротото огромно мече на Мистер Бин… Едвај издржа да остане мирно, да не „експлодира“ откако Љупка му се испружи во скутот за да се фотографира!
Она што следува е уште еден дел од понудата на менаџментот на хотелот, кој откако ја забележал и дознал која е и од каде доаѓа, на сексапилната струмичанка и понудил да и направат профи фотосесија за потребите на нивниот ресорт, а за возврат да добие понуда што ветува: колку што сака гратис денови да продолжи да летува.
Претходните фотографии како и овие, на кои Љупка облечена во жолт летен фустан од тантела, влажна излегува од базенот, докажува дека нашата убавица не ја пропшуштила, туку со обете раце ја грабнала понудата, а на домаќините им ја оставила возбудата… Да уживаат во нејзините природни убавини и бујните и сочни облини.
Така, македонската модна блогерка случајно или намерно, спои убаво и корисно. Таа баеги задоволна, башка Турците… „шиндим, ептен ќефлии!“
Извор: Вистина