3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

,,Дадилката од соништата“ осудена на доживотен затвор

Дадилката која ги закла двете деца , што ги чуваше , е осудена на доживотен затвор.

Поранешната дадилка , која во луксузен стан во Њујорк ги закла шестгодишната Луција Крим и нејзиното двегодишно братче Лео , денеска е осудена.

Таа ќе нема право на условно пуштање на слобода за време на затворската казна, реши судот кој ја отфрли жалбата на адвокатот на 56 годишната Јослин Ортега дека била психички болна. Дадилката , која во када ги заклала децата додека ги чувала им се извини на родителите , плачејќи додека преведувачот од шпански ги кажуваше нејзините зборови за покајување.

,,Барам прошка од Господ , од Марина и од Кевин . Барем да им кажеше моето семејство дека не се чуствував најдобро .”, рече дадилката . Но , тоа не го трогна судијата , кој ја претстави како ,,чисто зло”.

Злосторството се случи на 25 октомври , кога мајката на децата , Марина Крим се вратила од работа и ги нашла телата на своите деца во кадата , додека над нив стоела дадилката со намера да се убие.

Ортега во одбраната изјави дека се сеќава на убиството , но во тој момент не била при себе. Таа потекнува од Доминиканската Република и на семејството Крим им се чинела како ,,совршена дадилка”. Никогаш не доцнела , извршувала се што ќе побарала газдарицата, никогаш ништо не барала , па ниту зголемување на платата.

Довербата на семејството Крим во дадилката одела дотаму што во 2012 отпатувале во Доминиканската Република во посета на семејството Ортега , каде два дена биле на гости.

поврзани објави

Последни објави