Рускиот милијардер Михаил Гуцеријев одделил вистинско мало богатство за венчавката на неговиот син Саид Гуцријев и неговата избраничка деветнаесет годишната Хадиџа.
Сопственикот на нафтената компанија Русњефт, инаку 16 – ти на лисата на најбогатите Руси, организирал свадба за наследникот за која ќе се зборува со години, а тешко дека некој ќе може да ја надмине. Младоженците уживале во настапите на најголемите светски ѕвезди, па така за микрофон се фатиле Џенифер Лопез, Стинг, Енрике Иглесијас, Бијонсе и Елтон Џон..
Настапот на Елтон Џон чинел седум милиони евра, а Џенифер нејзиниот го наплатила пет. -Младоженците се од добри и почитувани семејства. Свадбата беше многу убава, во воздухот се чувствуваше добрата енергија, а водителите направија сее за да се почитуваат нашата традиција и обичаите.
Јас од се срце им посакав убава заедничка иднина, многу деца и да ги почитуваат нивните родители“, напишал претседателот на Ингушетија на Инстаграм, Јунус Бее Јевкуров.