Во отсуство на адекватен партнер, овие знаци се осудени на самотија. Некои од хороскопските знаци имаат тешкотии во наоѓање на љубовен партнер, само поради тоа што имаат специфичен карактер кој ги заробува.
Бик
Тие ќе направат се за саканата личност и безусловно се даваат. Единствениот проблем е во тоа што веднаш се отвораат. Биковите често остануваат со кратки ракави, токму поради тоа што често се измамени. Многу пати им се случува да бидат несреќно заљубени но тоа го сфаќаат многу подоцна. Биковите ќе направат се, за да го подобрат односот со партнерот, но доколку видат дека нема позитивни резултати, тие ќе си заминат без проблем.
Девица
Слабо покажуваат емоции. Кога ќе станат свесни за мааните на партнерот, се повеќе ќе му забележуваат за тоа и ќе се трудат тоа да го истакнуваат. Исто така знаат постојано ја анализираат врската како и својот избраник, правејќи сценарио во главата кое не се случило. Кога ќе им стане досадно во врската или бракот, тие се склони кон авантури за една ноќ, која вешто знаат да ја сокријат. Не постои причина поради која први би го напуштиле партнерот.
Вага
По природа тие се многу неодлучни и многу лесно може да завршат во врска која не им одговара во целост. Постојано се преиспитуваат себе си дали можеле подобро и каде би биле денес доколку одлучиле поинаку. Проблемите сакаат да ги стават “под тепих”, додека не пукнат.