8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Приказна која се чита за 1 минута, а се памети цел живот: Како да препознаете човек кој навистина вреди?

Како да препознаете човек кој навистина вреди?

Жан излегол на прошетка низ Париз со неговиот дедо. Додека шетале по улиците, на едно место слушнале како еден муштерија го навредува својот чевлар. Тој тврдел дека нешто не е во ред со неговите чевли. Чевларот смирено ги слушал забелешките, се извинил и ветил дека ќе ја поправи својата грешка.

Потоа Жан и неговиот дедо отишле на кафе. Келнерот замолил еден човек кој седел на соседната маса малку да се помести за да може да помине. Човекот бурно изреагирал и одбил да се помести.

„Никогаш не го заборавај ова што го виде“, му рекол дедото на Жан. „Чевларот ја прифати жалбата на својот муштерија, а овој човек не сакаше воопшто да се помести. На луѓето кои извршуваат корисни задачи не им пречи кога ќе слушнат критика за својата работа, додека пак оние кои немаат никаква корисна работа мислат дека се многу важни и својата неспособност ја кријат позади авторитетот.“

поврзани објави

Последни објави