8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Доколку се потите додека спиете, итно посетете го вашиот матичен – не е за игнорирање

Засилено потење во текот на спиењето може да укажува на некои исклучително опасни состојби.

Потењето во текот на врелите летни денови и при засилена физичка активност е сосем нормален процес. Сепак, доколку оваа состојба се јавува без обавување на овие активности, тогаш итно мора да посетите лекар и да ги направите потребните анализи. Според истражувањата засиленото потење се јавува кај лица кои боледуваат од дијабетес тип 2 и зимаат инсулин.

Ако покрај потењето добивате и чувство на глад, имате сува уста а срцето забрзано ви чука, тогаш е можно да патите од низок шеќер во крвта. Хипогликемијата може да има симптоми преку ноќта за време на спиењето, на пример, ако се будите во текот на ноќта поради главоболка, се чувствувате уморно, а кога ќе се разбудите секогаш сте испотени.

Засиленото потење може да укажува и на некои други опасни состојби, како што се проблеми со нервниот систем, срцев удар, одредени типови на карцином, опасни инфекции и анксиозност. Ако често се будите влажни од пот или појачано се потите, дури и кога не е топло времето, тогаш задолжително посетет лекар за да дознаете дали постои ризик од некоја болест.

поврзани објави

Последни објави