11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Екс директор од ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Цветанка Ласкова – проектот бил добар

По статусот на својот профил на социјалните мрежи, во Кој Цветанка Ласкова се оградува од доделувањето стипендии од фондот за иновативност на членови на нејзиното семејство, следеа коментари кои речиси без исклучок се осудувачки и во кои преовладува мислењето дека Ласкова не може, а да не знаела дека нејзини блиски конкурирале за доделување финансиски средства.

Интересен е коментарот на Милан Ристевски, поранешен директор на Онкологија од времето на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ:

“Не се замарај со дневно политички глупости. Работам со Кики и со Кунгуловци, проектот е одличен, можеби најдобар таму и секако заслужува финансирање. Проблемот на омразата и поделеноста е нешто што со години ке го прогонува народот, а ке страдаат најмногу оние кои воопшто не се виновни, како по обичај…”

Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам…

Posted by Cvetanka Laskova on Tuesday, July 24, 2018

поврзани објави

Последни објави