Заменик министерот за здравство Асин Муса одбил да гостива го емисијата „Отворено студио“ која се емитува на телевизија Алфа. Причините поради кои тој не приствувал се тоа дека тој како заменик министер не знаел што се случува во министерството и не сакал да целиот товар го сноси тој. Покана добил и министерот за здраство, Венко Филипче, но тој бил на службено патување, па од телевизијата велат дека ќе се прилагодат на неговото време за да може тој да гостува.
-Пред еден месец еден мој пријател ми кажа точно кој ќе го земе тендерот од 36 милиони евра во здравството, и тоа денеска се случува. Значи тие што ова го организирале, а се вика злосторничко здружување, тие биле толку комотни во елабораците, во стратегиите. Министерот за здравство не може да го исчисти Клиничкиот центар , па ќе се дрзне да направи таква работа што ќе влијае на пациентите е повеќе од недозволиво, изјави Стевче Јакимовски кој исто така беше гостин емисијата.
Јакимовски потенцираше дека ова е пареклеланс тендер бидејќи тука е вмешан премиерот, владата, министерот, посредници и фирми.
Освен Јакимовски, гостин беше и Арбен Таравари кој пак беше осум месеци на позицијата заменик министер за здраство и истакна дека здраствто сега се наоѓало во позиција каде вториот човек во здраството нема никаква информација за тендер кој е вреден повеќе од 35 милиони евра.
Во текот на гостувањето Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкете минатата година министерството за здраство били на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега министетсвото за здраство се наоѓало на трето или четвро место оддолу на листата.
Таравари истакна дека оставиле министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.
-Ова е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, изјави Таравари.
Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.
ИЗВОР: Лидер