4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Тој не е само Џо од “Пријатели“…

Џо! Џо! Џо! How you doin’?”

Толпа од фанови, кои години по ред те нарекуваат со името на твојот херој, кои си го играл во текот на цели 10 години. Една улога, која ти ја обележала целата твоја кариера.

Таква беше ( а во некаков степен можеби и уште е) ситуацијата на актерот Мат Лебланк, кои се претвори во светска ѕвезда покрај својата улога во супер-успешната серија “Пријатели“.

Прашање е дали самиот тој беше популарен или просто неговиот карактер. Тој е еден од оние случаеви, во кои актерот и херојот се едно во претставата на публиката односно љубителите на серијата.

Роден е на 25 јули 1967 година во Масачусетс. Мајка му е од Италија, а татко му е французин. Мат ја започнува својата кариера како модел кој истовремено се обидува се пробие како актер во Њујорк. Првите негови улоги се во телевизиските реклами, како и клипови на песни (можете да го видите во “Miracle“ на Bon Jovi).

Во крајот на 80-те полека но сигурно влегува во Холивуд. Си ја пробува среќата во неколку серии, но ниту еден од тие не е доволно успешна, за да го задржи подолго време на екраните. Така доаѓа можноста за учество во “Пријатели“ како Џо Трибиани.

Останатото е историја.

Во текот на следните неколку години Лебланк прави обиди да се дистанцира од аурата “Еј, тоа е Џо“ со неколку улоги на голем екран, но образот на наивниот и забавен љубовник од “Пријатели“ не престанува да го следи.

Џо е можеби најпопуларниот актер од “Пријатели“, а финалето на серијата дава можност да бидат раскажувани уште истории за него.

Тој го поправа впечатокот за Џо дури во изненадно успешната серија “Episodes, каде што игра измислена верзија на самиот себе. Макар главните улоги се на двајца сценаристи, основата на тоа шоу е базирана на неуспешните обиди на Лебланк да се дистанцира од сенката на “Џо Трибиани“.

Колку и да звучи апсурдно, тој негов обид на крајот успева“. “Еpisodes“ е многу различна од “Пријатели“.

Личниот живот на актерот, не е толку многу интересен и впечатлив за целокупниот свет колку оној на најпопуларниот Џо.

Лебланк се жени за моделот Мелиса Мекнаит во 2003 година, а три години покасно се разведуваат. Од бракот им се раѓа единственото негово дете – ќерќичка по име Марина.

поврзани објави

Последни објави