4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Готвач ја предвидел својата трагична судбина: Ако не се случи чудо многу луѓе ќе изгорат (видео)

Готвачот Панајотис Кокинидис е една од жртвите на стравичните пожари кои ја погодија Грција, а неколку часови пред смртта се простил преку објава на Фејсбук.

Тој настрадал во местото Мати Атика, пренесува порталот „Катимерини“.

„Ако не се случи некое чудо, многу луѓе ќе изгорат“ – напишал Кокинидис.

Како што се наведува, неговата смрт предизвикала голема тага кај неговите соработници, кои и понатаму се во шок бидејќи Панајотис на некој начин го предвидел и крајот на својот живот.

Кокинидис на Фејсбук објавил и снимка од катастрофалниот пожар кои се приближувал до населбата во која живеел.

Posted by Panos Kokkinidis on Monday, July 23, 2018

поврзани објави

Последни објави