Неодамна на андроид маркетот на слободни игри и апликации беше лансирана играта Memory Island или во превод „Остров на меморијата“. Играта е во категоријата на логички игри и е насочена кон подобрување на меморијата на вашиот мозок, што повеќе ја играте толку повеќе го развивате вашиот центар за паметење и меморија.
Има 4 различни острови кои се од најлесно до најтешко ниво со различни знаци и форми. Ваша задача е да ги поминете доколку правилно и концентрирано се справите со секое ниво. Рангирањето е во живо и може да се натпреварувате со вашите пријатели.

Доколку сте сопственик на андроид смартфон и сакате логика, играта остров на меморијата може да ја превземете на следниот линк.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.zgdevelopment.finalver.memoryislandgame
Задоволството да го изработат и реализираат овој проект го имаа Бобан и Живко од Кочани, дечки кои во слободно време функционираат како ФИНАЛВЕР Стартап. Тие се занимаваат со дизајн и развивање на корисни апликации и игри кои се дел од нашето секојдневие. Ова е нивни прв заеднички проект и во иднина ни најавуваат уште многу интересни публикации за забава и едукација.