7.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

Мамо, знам дека си одиш, те боли ли мамичке – прашање кое го растажи итернетот

Sophie Sabbage на 48 години дозна дека има неизлечив рак. Со сопругот одлучиле веста да ја споделат со тогашната четиригодишна ќерка и да се бори против ракот на еден поинаков начин.

Пред две години, Sophie Sabbage одеднаш почувствувала, остра болка во рамото. По прегледот и три недели чекање за наодите, дознала дека боледува од неизлечив рак на белите дробови кој се шири на коските и мозокот. По разговорот со сопругот, кој преживеал смрт на родител на рана возраст, одлучиле да не кријат ништо од нивната ќерка.

Некои родители ја премолчуваат болеста, бидејќи сметаат дека тоа е премногу тешко да се поднесе, но ние одлучивме на понежен начин да ѝ објасниме на нашата ќерка Габриел за она што се случува – вели Софи.

“Мама има болест која се вика рак”, започнала со приказната, на што, тогаш четиригодишната Габриела одговори: “Р, како рак”.

Во следните неколку недели малку по малку ја запознаваа Габриела со реалноста и значењето на самиот рак како за мајката така и за целото семејство.

Малку по малку, но зборуваа повеќе:

“Мама многу е болна. Мама можеби нема да оздрави. Мама веќе не може да те подигне со леснотија како порано. Мама сака да потроши многу време со тебе, бидејќи можеби нема да го дочека твојот следен роденден. Мама можеби ќе умре.”

Габриела потполно не ја разбрала целата ситуација, но знаела дека може да праша она што сака и дека нејзините родители ќе и одговорат.

Софи смета дека на овој начин го спречила стравот и несигурноста кај Габриел.

– Незнаењето поттикнува разамислување за она најлошо. Неможноста или несигурноста на детето да праша што го интересира би било погубно за нејзиниот живот, отколку тешките прашања да и останат неодговорени – смета Софи.

– Ѝ дадовме многу простор и можност да ни се придружи на ова патување, но многу малку простор за измислување работи кои се случуваат во домот или кои ги чувствува– објасни Софи за Daily Mail, и продолжи: Се сеќавам кога имаше пет години и ноќта кога и падна првиот заб. Се подготвувавме за спиење кога ме праша:

– Мамо, што правиме кога ќе умреме?

Мојот одговор беше:

– Нашата душа го напушти телото и оди кон Бога. А, понекогаш, душите остануваат на невидливо место на Земјата од каде ќе продолжат да ги сакаат своите деца.

– Дали душата боли кога ќе умреш, мамо? – праша таа.

– Јас не верувам, срце – одговорив.

– Добро, зашто јас ја сакам твојата душа – рече таа нежно и потона во сон со забот под перница.

Софи вели дека, одлуката за тоа да биде вклучена во настаните поврзани со болеста, на Габриела ѝ даде одредена самодоверба, бидејќи знаеше што се случува. Дури и наставниците потврдија дека Габриела во училиште е весела и дека не го чувствува товарот што го носи, туку дека емоционалната интелигенција и е поразвиена од онаа на своите врсници.

Сепак, додава, дека не сите разговори мина без проблеми и дека имало моменти кога и двете биле многу емоционални.

Својата приказна Софи ја завршува со надеж за во иднина:

“Пред сѐ, сакам ова за неа: да се радува на животот, и покрај фактот дека може сѐ да се случи. Сакам да дозволи реалноста дека и го отвори срцето пред стравот од последиците да не го затвори. Сакам да најде убавина во своите реакции на предизвиците и успесите кога ќе ги надминеме. Не сакам некогаш да се прашува што се случило со нејзината мајка или да биде заслепена од моето ненадејно исчезнување. Сакам да се приклучи на птиците во пеење по бурата”.

Софи вели дека со својот начин не сака на другите да им сугерира дека така треба да постапуваат, туку дека тоа е нејзиниот избор за нејзиното семејство. Инаку, Софи има блог со кој ги охрабрува луѓето да зборуваат за ракот и да живеат во инет на болеста.

Можете да ја најдете на Инстаграм и Фејсбук.

поврзани објави

Последни објави