6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Писмо на жена која ги загуби двете деца и сопругот во пожарот во Грција – скокнале во провалија

Неколку дена после пожарот во Грција во кој животот го загубија најмалку 85 лица во јавноста исплива писмо од жена која во катастрофата изгубила две деца и сопруг.

Нејзиното име не е објавено, познато е дека во пожарот ја изгубила 13-годишната Евита, 11-годишниот Андреас и 54-годишниот сопруг Григорис.

Таа во моментот на пожарот не била дома, а остатокот од семејството  исчезнало во пожарот. Таткото со децата избегал од дома, но оганот ги истуркал до работа од карпа. За жал, очајниот татко и децата немале избор освен да скокнат од 15 метри во длабоката провалија. Никој не преживеал.

Трагичната судбина на оваа госпоѓа ја разоткрил новинарот и нејзин личен пријател Бабис Папанајати. Тој во јавноста го објавил писмото кое несреќната жена го напишала и му го дала.

„Се обидувам да бидам силна како мојата Евита. Таа отсекогаш беше силна и тоа го докажа повеќе пати. Уверена сум дека Григорис дал сѐ од себе да ги спаси децата. На крајот не успеал и не го обвинувам. Тоа било Божја волја“, напишала госпоѓата, опишувајќи го последниот разговор со саканите.

„Уште во ушите одѕвонуваат зборовите на мојот Андреас. Со сладок глас ми рече: „Мама, се плашам загрижен сум, но не треба да доаѓаш по нас. Не сакам да се обидеш да дојдеш, сѐ е затворено и нема да успееш“. Се обидов на крајот на дојдам до нив, четири часа се борев да пројдам, но не успеав. Немам зборови. Кога ќе успеам да ги идентификувам – државата на тоа поле потполно потфрли- тогаш со сигурност ќе кажам: „Останав без сѐ. Луѓе, прегрнувајте ги своите деца секој ден“, пишува во писмото на неутешната жена.

поврзани објави

Последни објави