Во минатото луѓето се плашеле кога ќе видат црвена Месечина, бидејќи црвената Месечина ја сметале за несреќа.
Крвавата Месечина во јули, ќе предизвика најдолго помрачување во 21 век, тврдат научниците.
Истовремено, Марс ќе изгледа послетол од обично, бидејќи ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.
„Тоа е одлично! Тоа е навистина убава и ретка прилика да го видиме помрачувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два објекти кои сјаат за фотографирање“, изјави за Тајмс астрономот Роберт Масеј од британското Кралско астрономско друштво.
Помрачувањето кое ќе трае еден час и 43 минути ќе се случи на 27 јули.
Причината за толку долгото траење на помрачувањето е што Месечината се наоѓа на една од најодалечените точки од Земјата, што значи дека сенката на Месечината ќе биде поголема отколку за време на вообичаено помрачување.
Жителите на Балканот ќе имаат прилика ноќта меѓу 27 и 28 јули да набљудуваат помрачување на Месечината. Средината на таа фаза ќе се случи во 22:22 часот по наше време.
Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од областите на Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.
За време на целосното помрачување Месечината добива темноцрвена боја, заради што се нарекува и „Крвава Месечина“.
Помрачувањето ќе биде најдобро и најдолго видливо на југоисток на Европа, наведуваат научниците, па затоа подгответе се за спектакл и најдете некој удобен агол. Излезете вечерва и уживајте во убавината космосот, природата и животот.