Доколку во текот на пливање ве фати грч најважно е да останете смирени и да ги примените следниве техники на самоспасување.
Ако се најдете во длабоко пробајте да легнете на грб со телото потопено во вода а само личето на површин, а ногата испружена. Не пробувајте да ја масирате со рака или било што друго, иако болката може да биде голема, тоа нема да ви помогне, користете ги рацете за пливање.
Со лесни кружни движења со рацете и нозете пливајте во правец на копно. Обрнете внимание на дишењето, белите дробови треба да ви се полни со кислород.
Додека чекате помош, истегнете го згрчениот мускул 10 – 15 секунди додека да не се опушти. Откако ќе помине треба веднаш да излезете од водата затоа што грчот може да ви се врати.