4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Карлеуша со трогателна објава се прости од Оливер

Уште една трагедија во музичкиот свет, остави зад себе молк и огромна тага. Иако се бореше до последен миг, Оливер Драгојевиќ ја изгуби битката со канцерот.

Смртта на големиот музичар Оливер Драгојевиќ ги изненади и неговите многубројни колеги кои од легендата се простија со трогателни зборови. Една од нив е и познатата пејачка Јелена Карлеуша која на свој начин откри како се бори со тагата.

Имено, Јелена призна дека отсекогаш му се воодушевувала на големиот музичар. Таа со песната “Тешко те заборављам“, се прости од големата ѕвезда и со зборовите:

„Секогаш сметав дека смислата на нашите животи е да оставиме трага и да не не заборават…

Кон тоа тежнеам целиот живот и веројатно никогаш нема да успеам…

Но овој човек успеа во тоа. Вредеше да се живее за оваа трага во бескрајот Оливер. Сега мирно…“

Карлеуша апелираше и на фактот дека е потребно да се сврти вниманието на јавноста за оваа опасна болест од која секоја година умираат се повеќе и повеќе луѓе.

Извор: Сител

поврзани објави

Последни објави