На тајниот список со имиња на лица кои не смеат да влезат во САД од соседна Србија се наоѓаат Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Војислав Шешељ, Аца Лукас, Мерима Његомир, Горан Радосавлјевиќ Гури, како и началникот на генералштабот Љубиша Диковиќ.
Листата ја објави српски „Телеграф“ и наведува дека САД на српската пејачка Цеца не и ги простува гревовите од бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан, кој го оценуваат како воен злосторник и криминалец.
Војислав Шешељ на црната листа е поради воената реторика, иако е ослободен во Хаг. Тој има и блокирани сметки во САД, каде што заработувал како преведувач.
Последен на списокот се најде и началникот генералштабот, Љубиша Диковиќ, на кого амбасадата одбила да му издаде виза. Тој требало да патува во САД за да одржи предавање.