Многу добар оброк без месо, многу декоративен и уште повкусен модриот домат со зеленчук печен во рерна ќе ве освои уште со првиот залак. Овој рецепт направете го уште денес.
Потребни состојки:
2 модри домати
1 морков
1 црвена пиперка
2 црвени домати
Тврдо сирење
Кашкавал
3 чешниња лук
Ловоров лист, магдонос, сол, маслиново масло
Постапка:
Зеленчукот добро измијте го. Лукот исечкајте го и додадете маслиново масло, сечкан магдонос и сол.
Модрите домати исечете ги на ленти до самата дршка, но не до крај. Секој лист намачкајте го со мешавината од маслоново масло и лук.
Помеѓу листовите наредете тенки листови морков, пиперка и црвен домат, како и тенки листови сирење.
Посолете по потреба, уште малку попрскајте масло и одозгора ставете рендан кашкавал. Печете на 200 степени 30-40 минути.
Видео: