Во биографијата на Јосип Броз Тито може да се пронајде податокот дека бил осуден на 5 години затвор, но за тоа како Тито го поминал времето “зад решетки“ се знае многу малку.

За доживотниот претседател на СФРЈ сме слушнале многу приказни, но освен податокот во биографијата дека Јосип Броз Тито бил во затвор во 1928 година, за тој период од животот на омилениот на многу народи на Балканот, се знае многу малку.
За потеклото на Јосип Броз Тито се водат многу теории на заговор, а мислењето на многумина е дека тој не бил ниту Југословен, ниту Хрват, туку странски агент. Така во оваа приказна се вмешала и ЦИА која тврди дека бил Пољак, но тие детали толку ги имаме и слушнато.
Тито, според историските податоци до кои дојдоа српските медиуми во есента 1920 година се вратил во Загреб каде пристапува во редовите на Комунистичката партија на Југославија. Истата таа година партијата со одлука на кралот е забранета.
Кога во 1921 година останува без работа се вработува во млин во местото Големото Тројство каде што со својата тогашна сопруга живеел до 1925 година. Таму им се родиле три деца.
Првото дете умрело во Загреб, а во Тројство му се погребани синот Хинко, кој умрел осум дена после раѓањето и на ќерката Златица, чиј живот згаснал после 17 месеци. Година дена пред да го напушти тоа место, роден е синот Жарко, кој единствено останал жив од четирите негови деца од првиот брак.
Април 1927 година повторно се враќа во Загреб. Од судот во Огулин е осуден на седум месеци затвор, условно на четири месеци, поради комунистички пропаганди. По излегувањето од затвор Тито ја обединува партијата која била поделена на различни фракции.
Во јуни 1928 година биле организирани протести, чиј прв поддржувач е токму Тито. Голема потерница од полицијата е распишана на 20 јуни 1928 година.
Тито е уапсен на 4. август 1928 година и осуден на пет години затвор. Почетокот на 1929 година е донесен на издржување казна затвор во Лепоглав.
Почетокот на 1931 година Јосип Броз Тито го преместиле во затвор во Марибор, кој е прогласен за најлош затвор во Југославија. Тука ја издржал казната но сепак не бил пуштен веднаш на слобода. Одведен е во Огулин, каде што требал да одележи уште три и пол месеци, таа казна на која бил условно осуден. Тек на крајот на март 1934 година тој излегува од затвор, но му е одредено дека мора да биде во родното место Кумровци и дека истото не смее да го напушти.
Веќе во април истата година го напушта своето родно место и заминува во Самобор. Станал илегалец и за прв пат тогаш се споменува името Тито.