Ќе се фрлат 3,5 мил.евра за референдум без никакво значење околу Северна Македонија, доколку граѓаните се ,,против”. ,,Институциите ќе одлучувале”, рече Заев. Преведено, ќе решаваат, ако не му е по ќеф референдумот на Заев.
Ова го нема ни во Бурунди.
Па за што распишуваш референдум, човеку !?! За што ќе се арчат 3,5 мил.евра кога ти си решил да тераш до крај, без разлика на се` ?
Што замараш ?
Цела прикаска ти се врти околу Северна Македонија, док економски и социјално тоне цела држава, умираат бебиња, родилки, убиваат луѓе по улици, си делат дебели тендери сдсовци, го уништуваат Водно, дивее урбанистички хаос во градовите.
Ни вие самите више не знаете која ви е поентата на доаѓањето на власт.
Понекогаш мислам дека знаете дека кратко ќе владеете, па грабате брзо, идиотски и смотано, со надеж дека никој нема да ве фати. А, ве фаќаат за два дена.
Го изгубивте кредибилитетот во секоја ебена месна заедница, не па на ниво на држава.
ФБ СТАТУС НА ЈОРДАНОВСКА ИВАНОВСКА ЈОЦИ
https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10216624543465951