4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

За половина час паркинг во Охрид му наплатиле 90 денари – колку ли чини еден час паркинг

Хаос се случува со системот за наплата на паркинг во Охрид. Минатата недела порталите пишуваа за граѓанин на Охрид кој потрошил вкупно 590 денари за паркирање бидејќи системот не ги примал пораките кои ги испраќал за да се одјави од паркинг местото на кое останал околу 1 час.

Граѓаниниот го паркирал автомобилот и испратил СМС порака, но кога испраќал СМС за да се одјави од тоа паркинг место, системот не потврдувал дека е одјавен и продолжил да откуцува за паркинг услугата.

Граѓанинот праќал повеќе пораки за одјавување по што од како се насобрале скоро 10 евра успеал да се одјави.

Вчера на социјалните мрежи се појави нов граѓанин кому системот му наптаил 90 денари за половина час!

https://www.facebook.com/AngeloskiGoran/posts/2015736291778404

поврзани објави

Последни објави