Со перики, маски, транспаренти и голема бучава, активистите и граѓаните на Охрид денеска протестираа против градежната узурпација на охридското крајбрежје.
Мирниот протест е организиран од Охрид SOS и здружението „Стар Лагадин“ и поддржан од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
Демонстрантите направија протестна поворка со попатни застанувања кај Горица, Св. Стефан и Студенчишко Блато, па сѐ до Општина Охрид.
Со тропањето по лимени буриња од камион во движење, тие го привлекоа вниманието на туристите.Протестот започна пред градилиштето на спорниот хотел во Лагадин. Како што велат активистите, на овој начин сакаат да го привлечат вниманието на институциите и на јавноста кон сериозната опасност Охрид да го загуби статусот светско наследство на УНЕСКО поради уништувањето на крајбрежјето и езерото со хиперурбанизација и развивање масовен туризам, во услови на нефунционален и нецелосен колекторски ситем.
Кон протестниот перформанс се приклучија и туристи од Белгија, Италија, Франција, Русија, Молдавија, Грузија, Србија итн. кои во моментот се на летување на охридското крајбрежје. Меѓу нив, и балерината Гарсиа Елена од Бољшој театар која изведе дел од сцената умирање на лебедот од балетот „Лебедово езеро” на П.И.Чајковски, во која подигањето на црните згради со црвени покривчиња, кои ја симболизираат разуларената урбанизација, го “убива” лебедот како симбол на убавината и сето живо во природата, кој умира од тие монструми кои што се надвиснати над него.
Охриѓани и сите кои го сакате Охрид! ГЛАСНО ПРОТИВ ДЕВАСТИРАЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА КОЕ ПОРАСНАВМЕ!
Posted by Panda Zografska Belichanec on Tuesday, July 31, 2018
Демонстрантите направија протестна поворка со попатни застанувања кај Горица, Св. Стефан и Студенчишко Блато, па сѐ до Општина Охрид.
Со тропањето по лимени буриња од камион во движење, тие го привлекоа вниманието на туристите.
Протестот започна пред градилиштето на спорниот хотел во Лагадин. Како што велат активистите, на овој начин сакаат да го привлечат вниманието на институциите и на јавноста кон сериозната опасност Охрид да го загуби статусот светско наследство на УНЕСКО поради уништувањето на крајбрежјето и езерото со хиперурбанизација и развивање масовен туризам, во услови на нефунционален и нецелосен колекторски ситем.