-5.2 C
Skopje
Saturday, February 8, 2025

Тачи: Ја нема таа сила која ќе нѐ натера да дискутираме за поделба

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави денес дека нема сила која претставниците на Косово може да ги натера да разговараат за поделба на Косово.

 

„Како претседател на земјата гарантирам дека не постои сила која може да нѐ натера да дискутираме за поделба на Косово“, кажа косовскиот претседател на конференција за медиумите која целосно беше посветена на финализацијата на дијалогот за нормализација на односите на Косово и Србија.

Тачи кажа дека во последно време постојат бројни лажни вести за поделба на Косово и додаде дека тие се вознемирувачки.

„Ќе работиме финалниот договор да биде во согласност со уставните и законските решенија“, кажа Тачи и додаде дека тоа нема да биде планот Ахтисари плус, односно нема да има решенија кои нема да излегуваат надвор од предлогот за решавање на статусот на Косово на претставникот на ОН Марти Ахтисари.

Прочитајте го целиот напис на МКД.МК – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави