Доколку сте вљубени во оженет човек, без разлика колку и да имате добар изговор спремен во секој момент, вие со тие лаги не им олеснувате ниту на другите, ниту себеси.
Со ништо не може да се промени фактот дека кога едниот изневерува, на другиот ќе му биде скршено срцето. Без разлика дали станува збор за авантура или врска, самиот чин на неверство не е во ред! Секако, никој никогаш не е 100% искрен, ниту тоа може да се бара од некога, но, сепак, самиот чин на предавство е нешто неприфатливо. Аферата со оженет маж е многу опасна „територија за играње“. Често се случува токму девојката да остане со скршено срце, а бракот да биде обновен и посилен од било кога порано.
Овие пет лаги ги користат многу од девојките кога ќе влезат во врска со оженет маж, а со нив само си го „матат умот“ и си оневозможуваат реално и јасно да гледаат на ситуацијата.
1.Она што неговата жена не го знае, не може ни да ја повреди
Тоа не е вистина. Само затоа што таа не знае, не значи дека во моментот кога ќе дознае тоа нема да ја уништи. Таа си го посветила животот на овој човек, очекувајќи го истото и од него. Се ветиле на вечна љубов, па како само си мислите дека и биде кога ќе дознае за вашата врска? Тоа што нејзиниот сопруг поминувал квалитетно време со вас наместо со семејството? На крајот од краиштата, само за миг ставете се на местото на изневерената жена. Ви поминуваат лоши трпки низ телото, зар не?
2.Она што ние го имаме е чиста страст, ништо повеќе од тоа
Повеќето вака мислат па дури и тврдат дека од аферата ќе излезат без никакви последици. Меѓутоа, работите воопшто не функционираат така и не можете да знаете кога сте започнале емотивно да се врзувате, ниту тоа можете да го пресечите со ножици и да го заборавите засекогаш. Ретко кога се случува да се појават страсти па да исчезнат. Чувствата речиси секогаш се’ искомплицируваат.
3.Попаметна сум од тоа, нема шанси да „паднам“ на оженет
Иако сте свесни за фактот дека е оженет и дека нема да ја остави жената поради вас, ниту вие тоа го посакувате, тоа „паѓање“ на маж кој е во брак многу лесно може да ви се случи. Особено ако досега не ви се случило, доколку прерасне во однос каков никогаш не сте го имале досега, или едноставно ве „закачил малер“ па бидејќи сте ги изговориле зборовите „нема шанси“ – ѕвездите „одлучиле“ да „има шанси“! Полесно е да се само да се каже…
4.Ќе ја остави неа поради мене. Сигурна сум, штом биде спремен, ќе го направи тоа
Ајде да бидеме искрени, тоа речиси никогаш не се случува. Тоа всушност се случило толку многу малку пати, што слободно можеме да кажеме дека речиси никогаш не се случува! Доколку често ви говори дека тоа сака да го направи, главно тоа го прави само за да ве задржи подолго покрај себе.
5.Тивко, само нека расчисти со неа, баш е зла кон него
Женетиот маж кој ја изневерува својата сопруга е во сотојба сешто да изговори само за да ужива со својата љубовница. Па и доколку не е вистина, ќе и раскажува колку неговата жена е зла и кон него се однесува најлошо во свет! Ваквите изговори главно се купишта гнасни лаги. Секоја брачна приказна има две вистини. Запамтете го тоа.