1.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Николоски контрадикторен: Пред некој ден пишуваше дека нема да дозволот промена на устав, денес се прешува дали е ова последниот Илинден како Македонци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во последниот период излегува со помалку чудни и контрадикторни изјави. Ако до пред само некоја недела тврдеше дека неговата партија нема да дозволи промена на уставот, денес самиот се прашува дали е ова последниот Иленден во кој сме Македонци:

“Во очи на најголемиот македонски национален празник Илинден можеби како никогаш претходно над сите нас надвиснува загриженоста за иднината на Македонија, за иднината на оваа со многу човечки животи платена слобода и држава на само еден помал дел од географска и етничка Македонија, пишува Александар Николоски во својата колумна за „Независен“.

-Со последните потези на двоецот Заев- Димитров и потпишувањето на срамниот тн Преспански договор за преименување на Македонците и промена на името на Република Македонија со уставни измени над сите нас надвиснува стравот дали е ова последниот Илинден што го дочекуваме како Република Македонија? Ќе биде ли ова некоја нова држава од следната година? Зашто според тн Преспански договор не само што се менува името туку се правата и низа други интервенции кои се катастрофални за Македонецот. Така според договорот терминот Македонец како и македонски јазик може да се однесува само на територијата на Република Македонија , што значи дека нема македонци надвор од Република Македонија и никој надвор од границите на државата не говори македонски јазик, пишува тој.”

поврзани објави

Последни објави