АКо се решивте годинава да уживате на плажите во Грција и таму да си ги полните батериите, тогаш внимавајте бидејќи Грците имаат строги казни и правила.
Дозволената брзина во населените места е 50км на час, а на регионалните патишта од 90 до 110км на час.
Во Грција се многу високи сообраќајните казни, особено доколку имате во крвта алкохол од преку 0,5 промили може да добиета казна од 75 до 625 евра. За прекорачување на брзината се добива казна од 40 до 750 евра, а доколку не се врзат појасите казната ќе достигне и до 350 евра.