1.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

Новинарката Сашка Цветковска жестоко му одговори на Венко Андоновски на својот Фејсбук профил

Новинарката Сашка Цветковска денеска на својот Фејсбук профил му одговори на писателот Венко Андоновски кој во неговата последна колумна зборуваше за промената на името и дека тоа се прикажува како триумф.

„Ах Венко, времето ќе покаже навистина. А еве што вели времепловот од последната декада за твојот влог како интелектуалец од иднината. Последната деценија дефинитивно ја обележа твоето молчење пред кршењето на слободата на говор, владеењето на правото и девастирањето на инстируциите на системот. Твоето наследство во последнава деценија се состои и од:

1. Молчењето при најавите на Владата на Груевски дека поради мал интерес ќе ја замрзнело катедрата по македонски јазик. Ти тогаш си премолче, ти кој ти е полна устата со јазикот и идентитетот.

2.Молчењето при интервенциите на истата власт во високото образование кои придонесоа за ослабнување на позициите на УКИМ и генерално на квалитетот во високото образование.

3. Учеството во ‘врвни’ културни проекти како биографијата на Ванчо Чифлиганец за која беше добро платен, се надевам во кеш, а не во стан во оние фушерајски и измамнички проекти. Полна ти е устата со одбрана на народот, но ти повеќе се вложи во творештвото за олигархијата. Се прашувам дали и твоите колумни не беа платени во “Нова Македонија”, дали и ти чекаше плата која бавно или никогаш не доаѓаше за колегите новинари или, можеби Минчо Јорданов имаше друг пристап кон твоето творештво во кое изостана критички осврт на најголемиот идентитески инжинеринг – Скопје 2014, каде што овој другиот олигарх добро печалеше од државно-спонзорирани зделки.

4. Велиш не си молчел. Така е, ревносно ги критикуваше месарите, продавачките во маркети, тетовираните, оние обичните, тие ти беа виновни за се и преку критиките и омаловажувањето на народот го криеше сопствениот кукавичлак да се конфронтираш со оние одговорните и моќните.

Сето тоа време тебе ти беше поприлично удобно, најпосле, не беше ти простиот тетовиран месар од твоите ‘критични’ осврти на општеството.

Ти, кој што за своите деца печалеше од олигарсите врзани со власта кои со децении се изживуваат со твојот народ, како што милуваш да речеш, немаш кредибилитет да ги бојкотираш опциите за некоја попросперитетна иднина на децата на оние кои живеат без твоите привилегии“- пишува новинарката.

Ваков проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси, зашто не го почитува трудот и не сака да се бори, зашто трудот е борба. Мрзливи сме, браќа, напиша Андоновски во најновата колумна за Нова Македонија.

поврзани објави

Последни објави