7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

На Мечкин Камен не било сè така наивно, полицијата спречила посериозен инцидент

Според весникот Фокус, владината делегација на Мечкин камен во Крушево била нападната со пластични шишиња и чаши од навивачките групи кои присуствуваа на денешната прослава по повод Денот на Републиката.

По завршување на манифестацијата насилната група тргнала кон претставниците на Владата, но била спречена да им се доближи од полициското обезбедување, велат за Фокус очевидци.

За среќа бил избегнат физички контакт а комитите фрлале кон владините претставници предмети што ги имале во рацете при тоа извикувајќи пцовки и навреди како изроди, предавници.

На Мечкин Камен денеска присуствуваше владина делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.

поврзани објави

Последни објави