4.8 C
Skopje
Sunday, February 16, 2025

Започна невреме во Македонија – на овие места е најкрично

Попладнево во Македонија започна невреме проследено со врнежи и грмежи, но и силен ветер.

Последните информации од УХМР говорат дека во моментов нестабилно време со пороен дожд, чести грмежи и засилен ветер е претежно на југозападот, а особено поинтензивно е во северните делови од Пелагонија.

Движењето е претежно од североисток.

Со поројни врнежи од дожд и грмежи со засилен ветер ќе бидат зафатени делови од Прилеп, Крушево, Битола и Преспа.

Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Еве на кои места е најкритично, каде беснее невреме:

поврзани објави

Последни објави