Една анонимна девојка се согласила на секс само за да му се освети на дечкото бидејќи ја изневерил, но подоцна зажалила за тој свој потег. Имено, сега човекот со кој што спиела ја уценува, а за биде уште полошо, човекот со кој го извршила неверството е неговиот татко!
Еве што вели очајната девојка која бара совет што би можела да направи за да се извлече од оваа ситуација.
„Тоа беше најлошата одлука во мојот живот, а сега тој ми се заканува дека се’ ќе му раскаже на моето момче ако не легнам повторно со него. Пред два месеци дечко ми ме однесе во преубав ресторан за мојот 22.роденден. Тој има 23 години. После тоа отидовме кај него на малку роденденски секс кој беше фантастичен.
Следното утро доживеав шок. Ми рече дека имал нешто да ми каже. Бев запрепастена кога ми призна дека ме изневерил, дека му било многу жал за тоа што го направил и дека сфатил дека јас сум таа со која сака да биде. Сакал нов почеток и затоа ми признал.
Не да бев лута, туку побеснав! Му реков да викне такси и си заминав од кај него. Цел ден ми ѕвонеше и ми праќаше пораки, ама го игнорирав. Таа ноќ му се јавив на татко му и го викнав да излеземе на пијалак. Тој беше многу изненаден ама се согласи да се видиме. Тој има 43 години, ама изгледа многу помладо. Разведен.
Се најдовме во еден кафич, а јас му објаснив зошто го побарав и му раскажав за неверството на син му. Тој одеднаш ме бакна страсно а јас му возвратив. Беше многу љубезен и нежен цела ноќ. Ми рече дека знаел по моите погледи дека сум заинтересирана за него, и дека било само прашање на време кога ќе сфатам дека го посакувам него а не неговиот син.
Едно време повеќе не чувствував привлечност кон него, но сепак прифатив да имам секс. Се чувствував грозно и не уживав многу иако тој се трудеше да ме задоволи. Едвај чекав да заврши сето тоа за да се видам со син му.
Истата ноќ се смиривме. Иако знае дека повторно сме заедно и дека сме смирени, неговиот татко упорно ми праќа пораки и бара повторно да се видиме. Во последната порака што ја добив вчера дури и ми се закани. Ми напиша дека се’ ќе му раскаже на синот ако не прифатам пак да имаме секс.
Не знам како да се ослободам од него, а да не си ја расипам врската со дечко ми. Направив грешка, знам, направив голема глупост, ама не можам да го променам тоа. На дечко ми му го простив неверството, ама тоа се случило на почетокот од нашата врска кога уште немал емоции за мене. Сега веќе е поинаку.“