Силно невреме вчера попладне го зафати Нови Сад.
Настрешница на бензинска пумпа се урна попладнево за време на поројниот дожд што го погоди овој српски град.
На пумпата во тој момент имало два автомобила врз кои паднала конструкцијата. Еден муштерија е полесно повреден.
На терен излегоа пожарникарите и полицијата.
Невремето со дожд и силен ветар и натаму беснее во градот и околината.