-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

За сите кои имаат мала бања – има начин да се зголеми просторот

Голем број сопственици на мали бањи се прашуваат: како да се зголеми просторот?

Одговорот е едноставен: потребно е да се отстрани се’ што не е потребно, да се распоредат ситните работи кои ги има многу речиси во секоја бања, а исто така, да се средат пешкирите и домашната хемија.​

Сопствениците на малите бањи експериментираат и се обидуваат правилно да ја уредат оваа животно неопходна просторија.​

Ова се неколку инспиративни примери со чија помош ќе заштедите на простор и ќе го освежите ентериерот на вашата бања.

ИДЕИ ЗА МАЛА БАЊА:

Паметно искористете го секој центиметар од малата бања. Правејќи ваква полица ќе добиете дополнително место за чување на средствата за хигиена.

Да не ги расфрлате пешкирите, прицврстете на полиците помали закачалки.

Исто така, одлично место за чување на пешкирите може да биде вратата или носачот кој може да биде скриен зад вратата.

Ваквата конструкција ќе заштеди простор во зоната на лавабото.

И оваа конструкција ќе стане незаменлив елемент во вашата бања.

Исто така, пожелно е да се искористи и местото под умивалникот.

Стаклените ѕидни полици ќе ви заштеди простор во малата бања, а исто така, ќе ви стане и стилски белег.

 

Ако сега почнувате со реновирање на вашата бања, погрижете се да не заборават мајсторите да ви направат мало вдлабнување во плочките во кое ќе ги чувате средствата за хигиена.

Да го направите сето ова во толку мал простор – воопшто не е лесна задача. Но, токму поради ваквите идеи, вреди да се обидете!

поврзани објави

Последни објави