Вчерашниот ден во Прилеп донесе големи поплави и тоа поради моќниот Флоријан кој услови нестабилно време со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер и истиот за кратко време предизвика големи поплави, стои во објавата на Славчо Поповски.
Во овој град за многу кратко време наврнаа дури околу 25 л/м2 воден талог.
Нестабилно беше и во голем дел од јужна, југозападна и делови од западна Македонија која услови поројни врнежи од дожд, електрични празнења, и засилен ветер, исто така локални поплави се регистрирани и во Ресен каде автомобилите до половина се најдоа под вода поради интензивниот дожд.
Видеото од невремето во Прилеп погледнете го овде.