4.8 C
Skopje
Sunday, February 16, 2025

AНОНИМНА ДОМАЌИНКА: 20 години сме во брак со маж ми но по цел ден работи – сакам да си најдам љубовник

Се јави огромна разлика во поглед на нашиот секс во последните 11 години. Имаме секс неколку пати во годината, само понекогаш тоа може да се случи два пати неделно, во текот на една недела, а потоа да немаме секс неколку месеци. Пробав се. Секој ден ги правев неговите омилени јадење, дека нели викаат: „Мажот можеш да го придобиеш само преку добрата храна“, носев секси долна облека, еднаш бев дадилка, па медицинска сестра, потоа бев куќна помошничка, адвокатка, продавачка….

Се изрезелив себеси многу пати, за да добијам едно: Секси си ама уморен сум. По цел ден работам, сфати ме. Стварно не знам што му е. Не реагира на притисок, не реагира на провокација, жестоки и провокативни шепотења. Едноставно не е заинтересиран, туку ми купи вибратор за да бидам среќна и да го оставам на мира. Доста ми е да се самозадоволувам сама.

Постјано ми вели дека сме направиле две прекрасни дечиња и дека неговата работа е веќе завршена. И со двете бремености по цели 9 месеци немавме секс, му беше страв, се тргаше од мене…Во глобала сме среќни. Заедно сме 20 години и пред се сме најдобри пријатели. Но ми фали секс…очигледно време е да си најдам љубовник. Сега сум во негова потрага.

Фото: Илустрација

поврзани објави

Последни објави