29.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Оваа билка ги брка комарците и другите инсекти од вашиот дом засекогаш

Ова средство може да биде адекватна замена за скапите производи кои се продаваат како спрејови или течности против инсекти.

Едноставно, засадете ја оваа билка и секогаш ќе имате при рака ефикасно природно средство против инсекти и штетници.

Многу е едноставно, сè што ви е потребно е свежо нане. Купете неколку саксии и распоредете ги во својот дом или прошетајте до некоја ливада и пресадете неколку коренчиња.

Исто така, доколку сакате да бидете сигурни дека нема да се вратат, можете да направите и посебна течност. Се работи за многу концентриран чај од нане.

Постапка:

Исушени листови од нане, ставете во врела вода. Оставете ги околу 10 минути во водата, процедете и пресипете во шишенце со распрскувач.

Попрскајте со оваа течност секаде каде што се присутнни инсектите.

Тие најчесто се движат по рабовите на ѕидовите и кујнските елементи.

Видео:

поврзани објави

Последни објави