fbpx
18.8 C
Skopje

Не се лутам ако мојот сопруг си најде љубовница, ќе ви објаснам и зошто (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Водителката Саира Кан која работи за една британска телевизија, сите ги шокираше со својата изјава кога кажа дека на својот сопруг му дозволува да има љубовница.

Овие зборови ги искажа во емисијата која течеше во живо. Сите во студиото беа изненадени, а еве зошто тоа го направила:

Таа вели дека го сака својот сопруг, дека го обожува, но смета дека веќе не му е доволно привлечна, па му дава слобода да си побара себеси љубовница, да си ги задоволи потребите ако тој тоа го сака.

Исто така, таа мисли дека не може повеќе да му го подари она што можела порано, дека не може да го задоволи доволно, па така нема да се лути доколку нејзиниот маж побара среќа на некое друго место.

46-годишната Саира вели дека го сака својот сопруг, но забележала дека сексуалната желба и е изгасена, односно дека го нема повеќе оној жар како претходно.

Иако се 11 години во брак, иако имаат две деца, Саира вели дека нема да се лути ако нејзиниот сопруг си најде некоја љубовница со која ќе ја изневерува.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -