11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

ВИДЕО: Снимен моментот на рушењето на мостот во Џенова – автомобилите паѓаат, луѓето врескаат

Дел од надвозник над индустриска зона во италијанскиот град Џенова се урна денеска во момент на силна бура проследена со пороен дожд.

Министерството за внатрешни работи на Италија потврди дека загинале 11 луѓе.

Италијанскиот министер за транспорт го оквалификува инцидентот како „огромна трагедија“.

Пожарникарите тврдат дека при уривањето уништени се околу 20 автомобили.

На местото на несреќата се ангажирани околу 200 пожарникари.

Според италијански медиуми се урнал надвозник од 200 метри на магистралата А-10 што води кон Франција и популарни места за одмор во други региони во Италија.

Бетонскиот мост Моранди е отворен во 1967, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри.Целиот мост бил обновен во 2016 година.

поврзани објави

Последни објави