13.8 C
Skopje
Saturday, March 15, 2025

ВИДЕО: Сведок на огромната трагедија во Џенова – „Делови од мостот паѓаа на 20 метри од мојот автомобил“

Надзвозник висок 100 метри за време на изненадната бура во Џенова, а во таа прилика загинаа најмалку 11 лица.

„Прво се сруши централниот столб, а потоа сѐ останато. Делови од разрушениот мост паднаа на 20 метри од мојот автомобил“, рекол Давид Рич кој заедно со многу други возачи бил заглавен на патот.

-официјалните лица наведуваат дека среќна околност е тоа што соообраќајот во моментот на несреќата не бил густ. Лошата вест, пак, е дека мостот се урнал над индустриска зона што предизвикува страв дека можеби се оштетени цевките за гас, што може да предизвика нов сериозен проблем.

-Шефот на локалната служба на Итната медицинска помош изјавил дека починале десетина лица. Официјални лица од противпожарната служба велат дека „веројатно има голем број жртви“, како и дека е можна „трагедија од огромни размери“.

-Потврдено е дека од урнатините спасени се две лица кои со хеликоптер се пренесени во болница.

Еден очевидец за телевизијата „Скај Италија“ изјавил дека видел околу десетина возила на мостот во моментот на рушењето, како и дека сцената била апокалиптична.

-Ројтерс пренесува дека министерот за сообраќај на Италија, Данило Тонинели предупредил дека најверојатно станува збор за „огромна трагедија“. На Фејсбук напишал дека 200 пожарникари и други херои се наоѓаат на лице место.

поврзани објави

Последни објави