fbpx
7.8 C
Skopje

Фудбалерот Капело: Автомобилот ми  паѓаше 30 метри – чудо е што сум жив

АКТУЕЛНО

Најмалку 35 жртви однесе денешната трагедија во Италија, поточно во Џенова, каде се сруши мост. Меѓу нив можеше да биде и поранешниот голман на Каљари, 33 годишниот Давиде Капело, кој за среќа се спаси, бидејќи бил на мостот кога се сруши. Како што вели тој тоа што се случи го преживеал уште потешко.

-Автомобилот ми  паѓаше 30 метри! Чудо е што сум жив, вели тој.

-Одев кон Џенова и бев на мостот. Слушнав бука, а потоа се се сруши. Мојот автомобил падна 30 метри и запре во жбун. Луѓето ми помогнаа да излезам. Неверојатно, вели тој и продолжува.

-Често го минував тој мост, еден од најпрометните во државата. Ја видов улицата како се руши пред мене и бев во шок. Не сфаќам како успеав да поминам без гребнатинка.

Според информациите како причина за оваа трагедија се наведува дождот, а можеби и удар од гром.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -