5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Сè повеќе жени се на овој став: Сопругот ми предизвикува поголем стрес од децата

Неретко ќе ја слушнете шегата дека мајките ги гледаат нивните сопрузи како уште едно дете поради стресот што му го предизвикуваат. Една голема анкета покажала дека речиси половина од мајките се чувствуваат вака. Во анкетата учествувале 7.000 мајки од САД и 46% од нив изјавиле дека нивните сопрузи се најголемиот извор на стрес, наместо нивните деца.

Истражување: Сопрузите му предизвикуваат двојно повеќе стрес на жените од децата
„7-годишното дете ќе биде 7-годишно. Но кога 35-годишен маж се однесува како 7-годишно дете, стресот е поголем бидејќи тој знае дека не треба да прави така“, изјавила една мајка.

Истражувањето исто така покажало дека просечното ниво на стрес кај мајките е навистина високо, односно 8,5 од 10. Најчестите грижи се тоа што мајките не можат да ги завршат сите обврски бидејќи немаат време. Но во некои случаи сопрузите биле голем извор на стрес, и тоа секојдневно.

„Истрошена сум емоционално и физички кога сопругот ќе си дојде дома. Тој ми е како уште една работа“, изјавила друга мајка.

Поделбата на домашните обврски е уште еден извор на стрес и над 75% од мајките сметаат дека тие завршуваат поголем дел од родителските обврски. Околу 1 од 5 мајки е секојдневно изложена на стрес само затоа што сопругот не ѝ помага доволно со домашните обврски.

Претходна анкета која бил насочена кон татковците покажала дека две третини од нив би сакале вербално признание од сопругите кога помагаат низ домот. Наводно, жените сметаат дека „стресот на таткото“ не може ни да се спореди со стресот што го преживуваат тие. Причината веројатно се проблеми со организацијата.

„И покрај тоа што имам посветен сопруг, чувствувам притисок дека јас треба да завршам сè. Работам исти часови како и сопругот, а сепак јас го правам распоредот. Многу работи за родителството учам сама без негова помош. Ова ми предизвикува стрес бидејќи кога нешто е погрешно, вината е моја. Тој го добива целото време што го сака, а јас не добивам ништо. Не можам ни да се искапам без сопругот да ми го донесе бебето. Често се чувствувам дека јас сум единствениот возрасен во куќата. Сопругот и ќерката се натпреваруваат за моето внимание.“

Истражувањето спомнува дека стресот од партнерот важи и кај хомосексуалните врски. Самохраните мајки покажале највисоко ниво на стрес. Терапевтот Хал Рункел не бил изненаден од резултатите и нагласил дека комуникацијата е секогаш од најголема важност.

„Бракот е многу потешка врска од родителството.“

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -