19.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024

(ВИДЕО) На Никола Димитров му пукна филмот и распали по Владо Павлов од Кочани

Денес во емисијата “Стадион” на Канал 77 радио, гостуваше министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој преку два часа одговараше на прашања од гледачите.

Во емисијата се јави Владо Павлов од Кочани (негде околу 1.50). Владо Павлов е лик од Кочани, кој секојдневно се јавува по дебатните радио и телевизиски емисии. Павлов остана запаметен кога пред некој месец, се вклучи во живо од неговиот дом и му вртеше на премиерот Заев, но овој не му се јави.

Притоа, Владо Павлов тврдеше дека му се јавил Бог лично и му кажал неколку пораки кои треба да му ги пренесе на премиерот Заев. Денес, Владо го праша министерот дали неговата семејна фирма, “Мак Оргон” сега ќе треба да биде преименувана, притоа, неколку пати потенцирајќи дека нашето име че биде “Северно од Македонија”.

На ова, министерот Димитров, исто така, неколку пати му повторуваше дека нашето име ќе биде “Северна Македонија”,и дека е лага тоа за Северно од Македонија, но Павлов упорно го тераше своето.

Тогаш Димитров, помалку нервозно и со повишен тон му реплицираше: Дали ние зборуваме Македонски или друг јазик? – очигледно изреволтиран од фактот што не можат да се разберат. Погледнете го видеото:

поврзани објави

Последни објави