Според извештајот „Слобода во светот 2017“ на „Фридом Хаус“, Македонија се наоѓа на самотно дно од европската листа или во државите кои се „делумно слободни“.
На скала од 0 (најлошо) до 100 (најдобро), Македонија има 57 поени, што ја рангира државата пред само пет европски земји и тоа Белорусија, Русија, Труција, БиХ и Косово.
Во целокупниот извештај, 87 земји се „слободни“, „делумно слободни“ 59, додека дури 49 држави се означени како „неслободни“.
Изненадувачки делуваат резултатите за земји како Унгарија, Франција, САД, Бразил и Србија, каде се регистрирани назадување во политичките и граѓанските права.
Иако скалата нема негативно бодување, Сирија доби -1, земјата во која подолг период се води граѓанска војна, додека точно на „нула“ се ноаѓаат Еритреја, Северна Кореја, Узбекистан и Јужен Судан.