13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ДА СЕ НАЕЖИШ: „Македонско девојче“ изведена од шпански оркестар ја крена публиката во Минхен на нозе

Оркестарот „BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA“ во април направи промоција на својот најнов албум насловен како “Аvo Kanto“ низ цела Германија.

За време на нивниот настап во Минхен, тие ја изведоа и најпознатата македонска песна “Македонско девојче“ а публиката се крена на нозе.

Оркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ (Шпанија), Матиа Широса (Италија), Иван Ковачевиќ (Србија), Џулиен Чанал (Франција), Стелиос Тогиас (од Грција) и Сандра Санаџио (Шпанија), изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот исток.

Еве како звучеше изведбата на нашата “Македонско девојче“:

поврзани објави

Последни објави